среда, 18 ноември 2026
Најново

Билансот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа се приближи до 44.000

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

– Најмалку уште 50 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади врз Појасот Газа, со што вкупниот број убиени од минатата година досега достигна 43.972, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата.Во соопштението на Министерството се додава дека околу 104.008 Палестинци се повредени во нападите.„Израелските сили убија 50 лица и повредија 110 во три масакри врз семејства во последните 24 часа“, се вели во соопштението на Министерството.„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава во соопштението.Не почитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која се повикува на итен прекин на огнот, Израел продолжува со својата брутална офанзива врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година.Поради израелската офанзива во Газа е раселено речиси целото население на енклавата, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.Напорите за посредување предводени од САД, Египет и Катар за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и размена на заробеници меѓу Израел и Хамас не успеаја поради одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја запре војната.Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите дејства во Газа.

Поврзани вести