Била зависник од ботокс, а сега изгледа подобро од некогаш

Австралиската актерка Никол Кидман едно време била опседната со естетските операции.
Таа честопати беше критикувана од страна на обожавателите поради нејзиниот изглед на лицето кои постојано ѝ порачуваа да престане со обидите да се подмладува.
Но, изгледа дека актерката ги послушала нивните совети, па на последните фотографии кои ги направиле фотографите на тенискиот натпревар во Австралија покажала многу поприроден и посвеж изглед.

Никол со сопругот Кит Урбан и пријателката и славната уредничка на Вог, Ана Винтур, присуствувала на мечот помеѓу Наоми Осака и Каролина Плискова. Кидман никогаш не ги потврдила гласините за естетските зафати, па дури и ги демантирала додавајќи дека добриот изглед е резултат на фактот што таа ефикасно се заштитува од сонцето, не пуши цигари и општо води сметка за своето здравје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.