Билет од 2,5 од 10 евра за влез во Венеција

Венециските локални власти ќе наплаќаат од 2,5 од 10 евра за влез во историскиот центар на градот, со што ќе се ограничи бројот на туристи кои честопати и го пренатрупуваат градот.
Мерките изгласани викендов предвидуваат надлежните во Венеција да наплаќаат такса за престој. Нејзината висина ќе зависи од сезоната и ќе важи за сите посетители, било да сакаат да преноќат или само да поминат низ градот.


Таксата веќе важи за Лампедуза и уште неколку италијански острови.
Тоа би можело на Венеција да ѝ донесе приход од над 50 милиони евра годишно, бидејќиградот секоја година го посетуваат околу 25 милиони туристи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.