Биографијата на кардиналот Бергољо, новиот папа Франсиск Први

Папата Франсиск Први, или досега Хорхе Марио Бергољо, аргентинскиот кардинал кој од 13-ти март 2013 година стана првиот латиноамеркански и неевропски папа во историјата, инаугуралната миса, на којашто обично присуствуваат светските челници, ќе ја служи на 19-ти март, објави Ватикан во средата доцна навечер.Портпаролот на Светата столица, отец Федерико Ломбарди на прес-конференцијата изјави дека Франсиск Први телефонски разговарал со папата кој 28-ми февруари се повлече Бенедикт Шеснаесетти набрзо по изборот и додал дека набрзо ќе го посети.Првиот неевропеец поглавар на Римокатоличката црква и прв исусовец (језуит) на оваа должност, 266-от папа, е роден на 17-ти декември 1936 година во аргентинската престолнина Буенос Аирес како едно од петте деца во семејството на италијански доселеници, железничар и неговата сопруга. По студиите на Теолошката школа Вила Девото во Буенос Аирес, на 11-ти март 1958 година му се придружува на језуитскиот ред.За свештеник ракоположен е на 13-ти декември 1969 година, по што студирал на филозофскиот и теолошкиот факултет во семинаријата во Сан Мигел, каде што ја стекнал титулата професор по теологија.Восхитени од неговите карактеристики на лидер, Друштвото Исусово го унапредило Бергољо на функцијата провинцијал за Аргентина, на којашто бил во периодот од 1973 до 1979 година. Од 1980 до 1986 година бил ректор на семинаријата во Сан Мигел, каде студирал. Докторирал во Германија, по што се вратил во татковината, каде што служел како исповедник и водител на духовното возобновување во Кордоба.Од 1992 до 1997 година бил помошен бискуп на Биенос Аирес, а на 28-ми февруари 1998 година на позицијата бискуп го заменил кардиналот Кварасин.Папата Јован Павле Втори го повика на 21-ви февруари 2001 година новоименуваниот надбискуп на Буенос Аирес Бергољо во конзисториумот во Ватикан и го унапреди во кардинал. Аргентинскиот кардинал извршуваше многу должности во Римската Курија во неколку конгрегации.Како кардинал Боргољо станал позната по личната понизност, конзервативната доктрина и преданоста на социјалната праведност, а за репутацијата на понизноста придонел и неговиот многу едноставен начин на живеење. Живеел во мал стан, иако можел да избира меѓу резиденција во бискупската палата. Се откажал од автомобил со личен возач и се возел со јавен сообраќај, а наводно и сам си готвел.По смртта на папата Јован Павле Втори, кардиналот Бергољо учествуваше во конклавите на кои беше избран папата Бенедикт Шеснаесетти, а тогаш се зборуваше дека токму тој бил најсериозниот противкандидат на кардиналот Јозеф Ратцингер и дека одлуката за новиот Папа тогаш била донесена руди откако тој од кардиналите во конклавите побарал веќе да не гласаат за него.Во периодот на седисваканцијата (испразнетата папска столица) претходно дејствуваше како регент и заедно со Кардиналскиот колегиум управуваше со Светата столица и Католичката црква до изборот на новиот поглавар.Во ноември 2005 година, Бергољо е избран за претседател на Аргентинската бискупска конференција и тоа со големо мнозинство на аргентинските бискупи, што го потврди неговиот статус во татковината, но и меѓународниот престиж кој го стекна со начинот на кој наводно се однесувал на конклавите. По тригодишниот мандат на чело на аргентинските бискупи, повторно е избран на истата должност во ноември 2011 година.Кога станува збор за неговите ставови, го сметаат за близок на конзервативното лаичко движење Comunione e Liberazione, се спротиставува на абортусот и евтаназијата, го поттикнува почитувањето на хомосексуалните лица но силно се спротистави на законот за истополовите бракови кој неговата Аргентина го усвои во 2010 година. Можноста еднополовите да посвојуваат дека ја смета дискриминација кон децата, поради што го критикуваше аргентинската претседателка Кристина Фернандез де Киршнер, велејќи дека тонот на Црквата потсетува на „средниот век и инквизицијата“.Голем почитувач на христијанската доктрина на љубовта, Бергољо остана познат по посетата на еден стационар во 2001 година во кој им ги изми и им ги бакна стапалата на дванаесет лица заболени од СИДА.Франсиск Први редовно ги чита делата на Хозе Луси Боргес и Фјодор Михаилович Достоевски, љубител е на операта и фанатичен навивач на фудбалскиот клуб Сан Лоренцо од Буенос Аирес, кој е основан од еден свештеник.
МакфаксПапата Франсиск Први, или досега Хорхе Марио Бергољо, аргентинскиот кардинал кој од 13-ти март 2013 година стана

Пронајдете не на следниве мрежи: