четврток, 12 ноември 2026
Најново

Биткоинот ја загрозува борбата против глобалното затоплување

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Побарувачката за биткоини би можела да ги поништи глобалните напори за ограничување на глобалното затоплување, бидејќи оваа попопуларна дигитална валута бара огромни количини на енергија за производство, предупредија научници.
Производството на биткоини, за кои има зголемена побарувачка, во 2033 година, би можело да ја поништи целта за ограничување на глобалното затоплување за 2 Целзиусови степена во споредба со пред-индустрискиот период, се нагласува во американско истражување објавено во списанието „Нејчр Клајмат Чеинџ“.


Но, за т.н. рударење, односно производство на биткоини со решавање на математички равенки, потребни се моќни компјутери кои трошат многу енергија, предупредуваат научниците.
-Во моментов, емисиите на штетни гасови од сообраќајот, домувањето и производството на храна се сметаат за главни двигатели на климатските промени, изјави коавторот на студијата Кејти Таладеј.
Ова истражување покажува дека на листата треба да се додаде и биткоинот, се наведува во студијата.
„Копањето“ на таа валута е профитабилна работа. Еден биткоин денес се продава за околу 6,3 илјади долари.

Поврзани вести