среда, 11 ноември 2026
Најново

Битолчанец сексуално злоупотребувал 12-годишно девојче

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Битолчанец на 36 години сексуално злоупотребувал 12 годишно девојче во повеќе наврати во периодот од јануари до јуни. Осомничен е за силување на дете кое не наполнило 15 години и за прикажување на понографски материјал на дете.

– Со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што сексуално го злоупотребил, осомничен е и за кривично дело – Прикажување на порнографски материјал на дете од член 193 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик, соопшти попладнево Обвинителството.
Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, но и да влијае врз оштетената и други сведоци, јавен обвинител бара притвор за осомничениот.

Поврзани вести