Благоја Грујовски: Мајка ми на 82 години помина лесно, но јас буквално се борев за живот

Мит е дека короната е опасна за старите, а младите лесно поминуваат, вели  пејачот Благоја Грујовски, кој пред десет дена излегол од болница.
Целиот живот сум бил здрав како дрен, не верував дека вирусот може така да ме покоси… Од друга страна пак, мојата мајка која има 82 години, која е со хронично срцево заболување, помина со лесно. Поради годините, би рекол, таа едвај стоеше на нозе, јас одев да ја негувам пред да се инфицираме. Но, за среќа, нејзините симптоми беа лесни. Не знам дали е тоа бидејќи таа целиот живот беше здрава, дури и сега на овие години има добра крвна слика, кој би можел да каже? Поентата ми е дека мора да се разбие фамата, дека ако си млад, лесно ќе заздравиш. Нема тука правила – појаснува Грујовски.
Вели дека на клиника биле хоспитализирани и лица помлади од него, во своите дваесетти и триесетти години, со тешки симптоми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.