Поради предупредувањето на транспортерите за блокада, следните гранични премини во нашата земја ќе бидат затворени за движење на тешки возила: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлиja, Ќафасан и Блаце, додека Табановце-Прешево ќе биде затворен само од српска страна.
Поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (СВЕ) во Европската Унија, транспортерите од Северна Македонија, како и од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, предупредија дека ќе започнат седумдневна блокада на граничните премини што водат кон Шенген зоната. Се бара решение за проблемот со евидентирање на престојот во Шенген зоната, во согласност со правилото од 90/180 дена за професионални возачи.
„Протестот во сите четири земји ќе започне во 12:00 часот за сите возила што ја напуштаат земјата, додека за возилата што влегуваат во земјата, граничните премини ќе бидат затворени во 00:00 часот, за да можат сите што се враќаат дома да влезат и да се приклучат на протестот. Главното барање на транспортерите е да се најде решение престојот на возачите во Шенген зоната да не се евидентира во денови, или да им се издадат посебни визи што не се ограничени во број на денови“, изјави Билјана Муратовска, генерален секретар на Здружението на трговски транспортни компании на Република Македонија „Макам-транс“.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, претходно изјави дека веќе една година алармираат за проблемот со превозниците и електронските евиденции во ЕУ, нагласувајќи дека станува збор за голем економски проблем што може целосно да ја сруши македосната и регионалната економија.
„Иако имав жестоки размени на расправии со претставници на ЕУ директно во Брисел, за жал не најдовме разбирање. Проблемот е многу сериозен бидејќи ќе влијае на транспортниот сектор во целиот регион, како и на извозните компании. Во моментов нема решение, додека Владата има целосно разбирање за превозниците и најавените блокади на граничните премини кон земјите од Шенген зоната“, рече Николоски.
Тој предупреди дека економската активност ќе запре ако локалните извозни компании не можат да извезуваат и дека ќе станат неконкурентни на европскиот пазар ако транспортот стане поскап за 3 до 5 проценти.
Николоски нагласи дека во разговорите во Брисел како пример го споменал евентуалното зголемување на цените на транспортот за 5 проценти, што би ги направило локалните производи неконкурентни на европскиот пазар.
– Системот за влез и излез (СВЕ) на ЕУ не воведува нови барања во врска со краткорочните престои во Шенген-зоната, изјави портпаролот на Европската комисија за внатрешни работи, Маркус Ламерт, на 19 овој месец, како одговор на тврдењата на транспортните здруженија од Западен Балкан дека СВЕ „во суштина ги остава нивните работници и возачи без работа“.
Ламерт нагласи дека ЕЕС има за цел само подобро спроведување на постојните правила и систематско откривање на неправилности, додавајќи дека Европската комисија внимателно го следи проблемот и е во контакт со партнерите од Западен Балкан.Тој подвлече дека со ЕЕС нема промени во постојните правила за престој во Шенген зоната.
„Според правилата, државјаните на трети земји без виза имаат право да останат во Шенген-зоната вкупно 90 дена во рамките на кој било 180-дневен период. Секој престој надвор од ова мора да биде покриен со долгорочна виза или дозвола за престој издадена од земја-членка“, рече Ламерт.
Тој додаде дека Шенгенските правила веќе нудат флексибилност за превозниците, особено за оние кои често ја преминуваат границата на истата точка.
„Лицата што поседуваат локални дозволи не се обврзани да се регистрираат во системот EES при влез. Дали ова ќе се прави за време на случајни гранични проверки зависи од земјите-членки на надворешните граници, а не од Комисијата. Правилата за престој во Шенген-зоната се јасни, не се променети и содржат одреден степен на флексибилност“, додаде Ламерт.
The post Блокада на неколку гранични премини, товарните превозници денес на протест appeared first on Во Центар.



