Богато момче од Нигерија сака да му биде зет на претседателот на САД

Најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп – Тифани, наводно, е во тајна љубовна врска. Неjзинo нoвo момче е богатиот наследник Мајкл Булос од Нигерија, а неговото семејство поседува компанија за малопродажба на автомобили.
-Мајкл, кој последниве годинии живее во Лондон, а има и либанско потекло, Тифани го запознала летово на Миконос, наведува извор близок до ќерката на Трамп.
Тие првпат јавно беа видени заедно на почетокот на ноември на модна ревија во Њујорк, но тогаш не се знаеше дали се во врска.


Неофицијално, Трамп го прифатил новото момче на Тифани, и не му пречи што тој израснал во африканска земја.


На почетокот на годинава, претседателот на САД за земјите како Ел Салвадор, Хаити и „некои африкански држави“, изјави дека се „г**нарски држави“ (shithole countries). Односно, тогаш неговото јавно поставено реторичко прашање гласеше: Зоштo ги прифаќамe сивe oвиe луѓe oд г**нарски држави кои доаѓаат овде?
По ова, тогаш нигериските власти реагираа дека таквата изјава е навредлива и неприфатлива, и побараа официјално образложение од американската Влада

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.