За еден или два месеца ќе се знае како ќе се реализира проектот Чебрен и Галишта – дали ќе биде целосна државна инвестиција или ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство.
Министерката за енергетика, Сања Божиновска, се согласува дека е најдобро да биде домашна инвестиција, но нагласува дека станува збор за голема инвестиција и дека финансиските можности на Буџетот мора реално да се испитаат.
„Се согласувам дека е најдобро проектот да биде наш, но кога ќе го видиме Буџетот и капиталните инвестиции, ќе видиме што е реално. Станува збор за над милијарда евра за пет години – ова не е малку. Паралелно, тука се и здравствениот, транспортниот и други приоритети. Мислам дека за еден или два месеца ќе имаме повеќе информации“, изјави Божиновска денес по прес-конференцијата на која зборуваше за Годишниот план за изградба на енергетски проекти за оваа година.
Министерството за енергетика тврди дека има инвеститори заинтересирани за овој проект.
The post Божиновска: Најдобро е што Чебрени и Галишта се домашни инвестиции appeared first on Во Центар.



