четврток, 12 ноември 2026
Најново

Божиновска на јубилејот „20 години МЕПСО“: Силната преносна мрежа е темел на енергетскиот суверенитет

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По повод одбележувањето на 20 години постоење на МЕПСО, беше истакната клучната улога на преносниот систем во стабилноста и безбедноста на електроенергетскиот сектор во државата.

На настанот, Сања Божиновска со почит ја прими благодарницата како признание за партнерството со МЕПСО, нагласувајќи дека најголемото достигнување на еден преносен оператор е кога системот функционира тивко, сигурно и без прекини.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Зад таа тишина стојат генерации инженери, диспечери и техничари кои 24 часа дневно, без пауза, го одржуваат балансот на електроенергетскиот систем на државата“, истакна Божиновска.

Таа нагласи дека преносната мрежа претставува еден од клучните столбови на државниот суверенитет и дека без силна и стабилна инфраструктура не може да се реализира зелената транзиција, интеграцијата на нови обновливи извори, ниту европската интеграција во енергетиката.„Инвестициите, модернизацијата и дигитализацијата на МЕПСО се наш стратешки приоритет“, порача Божиновска, додавајќи дека континуираниот развој на преносната мрежа е предуслов за сигурен, одржлив и конкурентен енергетски систем.

Во рамки на одбележувањето на јубилејот беше упатена благодарност до сите вработени и поранешни генерации кои две децении ја чуваат стабилноста и хармонијата на електроенергетскиот систем.

Поврзани вести