Божиќни вечери од 12 земји во светот

Oд брза храна до гозба со 7 оброци, еве како изгледаат божиќните вечери ширум светот.
1. Мексико


Подароците не се единственото нешто што Мексиканците го одвиткуваат за Божиќ. „Тамалесот“ (мексиканско традиционално јадење) со месо или со зеленчук е главниот елемент на вечерата. Домаќинствата дури организираат и „тамалада“ – забава на која се прави „тамалес“ неколку дена пред божиќната вечера.
2. Обединетото Кралство


Британската божиќна вечера обично содржи ракчиња, пити со мелено месо и неверојатна мисирка испечена до совршенство. За разлика од Американците кои мисирката ја гарнираат со зачински билки, различни полнења и цитрусни плодови, Британците врз мисирката ставаат колбаси. За десерт послужуваат божиќен пудинг со овошје.
3. Грција


Грчките семејства Божиќ го прославуваат со печено јагне како нивно главно јадење, но во северните делови од Грција, неретко ќе сретнете и сарми на божиќната трпеза. За Божиќ тие подготвуваат и „милиброд“ (слатко тесто со суво грозје, јатки и кардамом). Овој сладок леб се декорира со крст и ја краси празничната трпеза.
4. Франција


Французите послужуваат морска храна за време на Божиќ. Специјалитетите вклучуваат школки, ракчиња и јастози. За десерт тие уживаат во традиционалната божиќна торта наречена „bûche de Noël“.
5. Германија


Германците вечераат печена патка, шатка или зајак за Божиќ. Како прилог може да послужат полнење од колбаси, кнедли од компир и црвена зелка. Нивен омилен десерт е „stollen“ – долг сладок леб сличен на овошната торта.
6. Полска


За многу полски семејства божиќната вечера е многу важен настан. На вечерата се послужуваат 12 јадења, како традиционалниот „боршч“, супа од печурки, пирошки и торта со афионско семе. Бројот на оброците има свое значење и традиција

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.