Божиќно послание на г.г. Стефан: Да го чуваме тоа што ни е светост и посебност, да ја чуваме и живееме верата, да ги чуваме светињите

Впрочем, иднина имаат оние што се грижат за своето минато!
Треба да го чуваме тоа што ни е светост и посебност, да ја чуваме и живееме верата, да ги чуваме светињите. Всушност, да го чуваме тоа што нè определува пред светот како самобитни, што е нашиот идентитет – и духовен и национален! Да нe дозволиме како народ, некој во името на нас, сегашните, но и во името на нашите претходници, како и во името на тие сè уште неродените, со својата негрижа, или заради некоја друга цел, да го отуѓува или уништува нашето вековно дело. Но и да не допуштаме никој од нас да отстапува, да се откажува и да го споделува тоа што за нас е суштинско и свето.
Секој опстој е искушение и предизвик, па затоа само во слога и единство може да се брани и одбрани своето, достоинствено и со подигната глава и со гласно – не. Силата не ја моли правдата, но моментите што го засегаат духовниот, културниот, историскиот и националниот идентитет на еден народ, не треба и не смеат да бидат отстапени или да се претворат во можност за компромис. Затоа неодложно ни треба обединување и национална стратегија. И ние како народ Божји имаме право да го живееме вечниот оптимизам што го дарува денес родениот Богомладенец – Кој за сите дојде, за сите да ги спаси.


Возљубени чеда на Христа Богомладенецот,
Суштината на Рождеството Христово е во преобразувањето и во остварувањето на целта на христијанскиот живот, а тоа е обожението. Треба постојано да растеме во Бога, да Го стекнуваме Светиот Дух и повторно духовно да се родиме. Бог не ни ветил живот без искушенија и без тешкотии, туку ни укажал дека само со живот исполнет со љубов, вера и надеж, ќе заслужиме спасение. – Кој го сака својот брат, тој е во светлина, рекол апостолот[1], зашто во љубов­та кон ближниот се препознава и нашата љубов кон Бога[2]. Со верата во Бога, поткрепена со добри дела, ќе покажеме дека ја живееме Божјата вистина и сме подготвени на подвизи за верата. Зашто, како христијани, повикани сме и кон една надеж – надеж која спасува.
Со такви пораки им го честитаме празникот на Христовото рождество на сите чеда на светата Македонска Црква, во Татковината и насекаде по светот каде што нашиот богољубив народ Му се радува на Богомладенецот, празнувајќи го Божик во своите домови и во своите храмови.
Христос се роди!
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
†СТЕФАН
Заедно со членовите на
Светиот архиерејски синод на
Македонската православна црква
† ПЕТАР, Митрополит Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски
† НАУМ, Митрополит Струмички


† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско – канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско – гостиварски
† ЈОСИФ, Митрополит Кумановско – осоговски
† ГОРАЗД, поранешен Митрополит Европски
† КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски
† ЈАКОВ, Епископ Стобиски

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.