четврток, 12 ноември 2026
Најново

Боки 13 и Јанева во Шутка имаат на располагање доктор и фризер- еве какви се условите во затворот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Извори од затворот во Шутка за „Независен весник“ објаснуваат оти правилата на однесување во ќелиите и меѓу ѕидовите во казнено-поправната установа се идентични за сите, без оглед што самите услови за престој се многу подобри во популарните хашки ќелии каде што е сместен Јовановски.
Адвокатот на притворените може да дојде кога сака и без надзор да има средба со својот клиент. Истото може да го направи и народниот правобранител.

Вештаците или невропсихијатрите можат да дојдат само со дозвола од судија на претходна постапка. Истото важи и кога притвореникот сака да потпише полномоштво. Тоа може да го стори исклучиво со дозвола од судијата. Што се однесува до посетите на роднините – и тие одат со претходно барање и вообичаено им се дозволува средба со својот близок на секои две недели. Во затворот во Шутка имаме лекар и бербер, притворениците можат да одат на преглед, односно на потстрижување или други третмани на косата. По барање на адвокатот на притвореникот или по сугестија на докторот во затворот, можно е притвореното лице да оди на лекарски преглед или интервенција на скопските клиники“, објаснуваат изворите на „Независен весник“.

Поврзани вести