Боки 13 призна: Бев поддржувач на СДСМ и Шарената „револуција“

Меѓународниот сојуз е невладина, а не хуманитарна организација под капата на Европската Унија. Останатите обвинети се обвинети заради мене, истакна во своето воведно обраќање обвинетиот Бојан Јовановски на денешното рочиште откако судијката го опомена да не говори повеќе од 30 минути.
Боки 13, призна дека тоа време бил симпатизер на СДСМ и на Шарената револуција. Сега истакна дека ова судење е забава за народот и праша каде е обвинителката Вилма Рускоска.
-Ќе речете таа има полномошно, но тоа е исто како јас да го пратам затворскиот цимер – и се обрати Боки со судијката Софче Ефремова Гаврилова.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.