Боки 13 примал инфузија поради тегоби во желудникот: Прави испитувања на други клиники, не е хоспитализиран

Директорот на Клиниката за торакална хирургуја Неџати Јакупи за Плусинфо потврди дека претпладнево го примиле Бојан Јовановски – Боки 13, кој се жалел на болки во желудникот, но и дека не го хоспитализирале.


-Бојан Јовановски вторпат го примивме на преглед поради желудочни тегоби. Тој претходно имал операција на желудникот. Тој прими инфузија и ќе продолжи со испитувања на други клиники, изјави Јакупи за порталот.
Јовановски веќе втор месец е во притвор во затворот во Шутка. Тој е првоосомничен во аферата „Рекет“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.