четврток, 12 ноември 2026
Најново

Бомбата пронајдена во Прилеп предадена на вештачење

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај
Бомбата која беше пронајдена пред кафуле во Прилеп предадена на вештачењеДежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп заедно со екипа од крим техника при Министерството за внатрешни работи, Полициска станица Прилеп изврши увид на местото каде вчера беше пронајден предмет – рачна бомба, во близина на кафулето “Кафе ин“ во Прилеп.
Како што соопштија од Обвинителството, во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита рачната бомба безбедно е демонтирана.
Пронајдениот материјал е подигнат, обезбеден, документиран и испратен на вештачење. Основното јавно обвинителство Прилеп издаде наредби за проверки и расчистување на настанот, стои во соопштението.

Поврзани вести