Бомба во центарот на Прилеп, за среќа неексплодирана

Околу 12 часот пред кафуле во строгиот центарот на Прилеп под столица е поставена или фрлена се уште неексплодирана рачна бомба. Кашикарата, наводно, со изваден сигурносен осигурач подготвена во секој момент да експлодира била оставена под маса со столови од летната тераса на кафе барот “Кафе Ин“, во близина на експозитурата на НЛБ Тутунска банка. Во моментов полицијата го обезбедува просторот, повикана е противпожарната единица, а известена е и се очекува да пристигне антитерористичка единица од Скопје.
Надлежните во интерес на истрагата се воздржуваат од официјални изјави, а од очевидците никој не сака да зборува.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.