Бомба и солзавец ноќеска во Атина

Импровизирана експлозивна направа експлодираше ноќта кон понеделникот во оддел на поштенска компанија во Атина, откако претходно полицијата двапати употреби солзавец во неделата доцна вечерта за да ги растера демонстрантите пред парламентот, јавуваат грчките медиуми.Од експлозијата на непознатата експлозивна направа, биле искршени прозорците на околните куќи. Информации за жртви и процена на штетите засега немаше, а на местото на инцидентот до рано наутро работеа грчките специјалци за експлозиви.Засега, исто така, никој не ја презеде одговорноста за инцидентот. Полицијата соопшти дека вообичаеното за вакви случаи предупредување со јавување во редакциите на медиуми, овојпат изостанало.Познато е дека во Грција се активни радикални левичарски и анархистички групи, кои често подметнуваат експлозии со мала моќ, но вообичаено непосредно пред нападите предупредуваат за своите постапки.Претходно во неделата навечер стотици Грци првпат по подолго време учествуваа на протест кој беше организиран од движењето на „разгневените граѓани“, кое ги координира своите активности преку интернет, и се противи на политиката за намалување на буџетските трошоци во замена за заемите од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.„Сиромаштија, невработеност, самоубиства – доволно е!“, беше слоганот на демонстрантите коишто го блокираа сообраќајот по булеварот во непосредна близина на грчкиот парламент.Првично, полицијата употреби солзавец за да ги оддалечи демонстрантите од привремените барикади поставени околу областа пред парламентот и гробот на незнајниот јунак. Подоцна, по еден час, полицијата повторно употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои се префрлија на една од блиските сообраќајници во грчката престолнина. Според првичните информации, во синоќешните немири со помал интензитет уапсено е едно лица.Грчката влада деновите повторно ќе преговара со претставниците на ткн „тројката“меѓународни кредитори (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) за намалувањето на бројот на работните места во јавниот сектор и мерките за штедење со што ќе се намалат дополнително буџетските расходи. Грција ја спроведува политиката на „затегнување на ременот“ од 2010 година. За возврат, заемодавците и доделија на земјата странска финансиска помош од околу 240 милијарди евра и и` помогнаа да и` бидат отпишани долгови од околу 100 милијарди евра.
МакфаксИмпровизирана експлозивна направа експлодираше ноќта кон понеделникот во оддел на поштенска компанија во Атина,

Пронајдете не на следниве мрежи: