Бомба од Италија: Клоп кандидат за клупата на Рома

Според најновите информации од италијанските медиуми, Јирген Клоп е на чекор до сензационално враќање на тренерската сцена – и тоа на клупата на Рома. Германецот, кој на крајот од минатата сезона се прости од Ливерпул, наводно веќе ја прифатил понудата од клубот од „Олимпико“ и ќе го замени Клаудио Раниери.
Клоп до неодамна имаше улога во Ред Бул како фудбалски директор, но зделката пропадна поради најавите за промени во сопственичката структура. Сега, се чини, дека сè е договорено со Рома бидејќи медиумите тврдат дека му кажал „да“ на претседателот Ден Фридкин.
Во Италија веќе со недели се шпекулира за големи промени во тимот на „волчицата“, а доведувањето на Клоп би било вистинска најава за нова ера. Искусниот стратег претходно ги предводеше Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул, со кој освои се што можеше, пред да се повлече од тренерската сцена. Сега, очигледно, е подготвен за нов предизвик во Серија А.
The post Бомба од Италија: Клоп кандидат за клупата на Рома appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: