Борел: Ако не е западното оружје, Украина ќе капитулира за две недели!

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Жозеп Борел изјави дека меѓу земјите од Европската унија нема единство кога станува збор за политиката кон Русија. Некои ја сметаат Русија за пријател, додаде тој. Европскиот функционер рече и дека Украина ќе капитулира за две недели без испорака на оружје од Запад.

„Не сите во ЕУ ја делат оценката (за руската закана), некои членки велат: „Не, Русија не е егзистенцијална закана, барем што се однесува до нас, ние ја сметаме за пријател“. Ги нема многу, но постојат“, рече Борел за време на предавањето што го одржа во Велика Британија.
Тој укажа на неопходноста од едногласно одлучување.
На политиката на ЕУ кон Русија секогаш и се заканува вето, доволен е еден глас против“, рече Борел.
Тој самиот е убеден дека Русија претставува егзистенцијална закана за Европа.
Колку време би требало да заврши војната во Украина?

Борел рече дека конфликтот во Украина ќе заврши за две недели доколку Западот не му достави оружје на Киев.
„Опстанокот на Украина зависи од нас. Знам како да ја завршам војната во Украина. Тоа може да се направи за неколку недели – само престанете со снабдувањето. Ако се запре снабдувањето, Украина нема да може да возврати и ќе биде принудена да се предадеме и војната ќе заврши“, рече тој.
Според него, американската помош за Киев, која беше одложена половина година, може да ја промени ситуацијата „од победа во пораз“.
„Несогласувањата на политичката сцена во САД доведоа до одложување на помошта за половина година. Во услови на војна, тоа е многу. Тоа може да ја промени ситуацијата од победа во пораз во војната“, рече Борел.

Пронајдете не на следниве мрежи: