БОРЧЕ ПРИЗНА ВИНА: Откриена вистината за Македонецот што си ја убил сопругата во Австралија


54-годишниот Борче Ристевски призна дека ја убил својата сопруга Карен (47) во Австралија во јуни 2016-та. Тој се изјасни за виновен само еден ден пред судењето во Мелбурн.
Како што пишуваат медиумите тој е обвинет дека жената ја убил и потоа нејзиното тело го фрлил во грмушки. Убиството го криел со години.

Остатоците од телото на Карен се најдени во регионалниот парк Маседон во февруари 2017-та година, осум месеци после нејзиното исчезнување, кога работници од Зеленило почувствувале чудне смрдеа. Аутопсијата не можела со сигурност да ја утврди причината за смртта.
Како што се наведува Борче телото го ставил во нејзиниот “Мерцедес“ а потоа ги исклучил нивните мобилни телефони за да не се лоцира сигнал.
Ристевски тврдел дека се карале поради пари и дека Карен наводно, излегла да прошета за да ја разбистри главата.

Тој долго тврдел дека е невин, дури го носел и ковчегот на Карен на погребот. Тогаш не зборувал многу, но сите го виделе дека плаче. Ќерката Сара вели дека нејзиниот татко не бил агресивен спрема мајката, но дека и било чудно неговото однесување после исчезнувањето на Карен бидејќи го исклучил неговиот телефон.
Судот во Австралија наскоро би требало да ја изрече пресудата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.