Боса шета низ поле: Анастасија Ражнатовиќ ја објави својата прва балада „Промашена“

По еден ипол месец од објавувањето на песната „Волим те“, Анастасија Ражнатовиќ одлучи да ги израдува фановите со уште една нова песна.
Во песната „Промашена“ се зборува за љубовен бродолом на една девојка која неизмерно го сака својот маж, но го губи.
„Од самиот почеток, луѓето кои ја слушаат моја музика бараат од мене да снимам балада. Мислам дека ја пронајдов вистинската во која може да се пронајдат многу жени. Една вечер додека го снимив албумот во Скопје, дојде Сара Милутиновиќ и ја напиша песната за еден ден. Влегов во студиото и веднаш ја снимив песната. Песната ми е многу емотивна и верувам дека повеќето девојки некогаш се чувствуваат „промашено“ кога ќе направат грешка во емотивните односи“ вели Ражнатовиќ.
Автор на песната е Александра Милутиновиќ, а додека аранжманот и музиката се дело на Дарко Димитров.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.