Бошњаковски: Владата не коментира судски одлуки, а сѐ што е утврдено во Законот треба да се почитува

По настанот во Охрид кога на Самоиловата тврдина беше поставено големо албанско знаме од страна на фолклорна група за што беше изречена и судска казна, денес владиниот портпарол Миле Бошњаковски изјави дека Владата не коментира судски одлуки, а сѐ што е утврдено во Законот за употреба на знамињата треба да го почитуваат сите.
Прашан за коментар на изјавата на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи дека според Законот, албанското знаме може да биде поставено каде било Бошњаковски рече:
– Таму веќе имаме првична судска одлука. Владата не коментира судски одлуки. Меѓутоа, штом судската одлука е таква каква што е очигледно дека постојат некои прекршувања на Законот за употреба на знамињата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.