Бошњаковски: Членот 11 од Законот за помилување е избришан

Како што изјави денес владиниот портпарол Миле Бошњаковски, претседателот Ѓорге Иванов не може да даде помилување на осудени за 27 април, бидејќи така би ги прекршил Уставот и законот.
-Постојат две причини поради кои не може да се води постапка за помилување од страна на шефот на државата, постапката се води исклучиво преку Министерството за правда. Со оглед дека не постои законска можност за помилување од страна на шефот на државата, постапката се води исклучиво преку Министерството за правда, со оглед дека не постои законска основа за помилување без претходна постапка во ова Министерство, рече Бошњаковски.
Членот 11 од Законот за помилување, кој предвидуваше таква постапка од страна на претседателот на државата е избришан, потсети тој.
– Со укинувачка одлука на Уставниот суд од 2016 година тој член не е вратен, не е “оживеан“ што би се рекло со судски израз, така што не постои во правниот систем на нашата држава таков инструмент, рече Бошњаковски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.