Поранешниот министер за евроинтеграции Бојан Маричиќ е новиот претседател на Државната изборна комисија.
Маричиќ е избран со 83 гласа „за“ на денешната собраниска седница. Мариќич доаѓа на местото на досегашниот претседател Борис Кондарко.
За потпретседател на ДИк избран е Абдуш Демири, а за членови Александар Даштевски, Ангелко Демири, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.


