Храбро издание на Алесандра Амбросио на 43-годишна возраст. Бразилската манекенка стана главна тема во светот откако се појави на ревијата на Баленсијага во рамки на Париската модна недела. Кога излегуваше од автомобилот, никој не ни помислуваше дека ќе ја види Алесандра во долна облека – буквално.Манекенката носеше тегет џемпер, гаќички од тантела и оглавник. Оваа провокативна модна комбинација ја сподели и на социјалните мрежи, а нејзините обожаватели имаат поделени мислења. Додека многумина веруваат дека таа е „толку убава што ништо не ѝ изгледа вулгарно“, други пишуваат дека „таков стајлинг не доликува на жена на 43 години“.,,Убава жена, но изгледа страшно”, ,,Ти си жешка”, ,,Да се остане дома така облечена, тоа би било совршено! Ти си убава, но излегуваш со таков стајлинг… Не. Ти си елегантна, ти си елегантна, дама, а не рапер”, беа дел од коментарите.Што мислите за стајлингот на Алесандра Амбросио?
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.