Братот на Лепа Лукиќ со шамари и се заканувал да пее, а еве што му направила од првите заработени пари на својот татко кој загинал

Кралицата на народната музика Лепа Лукиќ си ја отвори душата во една емисија во соседна Србија каде раскажа спомени од својата 50 годишна богата кариера.
Имено таа вели дека никогаш не ни сонувала дека ќе стане толку позната пејачка додека нејзиниот брат и го забранувал тоа.
-Брат ми мислеше дека ќе бидам скитник, добивав и шамари од него, но сепак одев на различни аудиции и бев примена, за да на крајот ја снимам првата песна дури кога брат ми замина во војска, раскажува таа.


Вели дека му купила одело и му го пратила во војска, а тој бил воодушевен дека во меѓувреме неговата сестра станала ѕвезда.
Таа додава дека и нуделе дури и да и препишат куќи само за да се омажи со богати додворувачи.
-Ми нудеа дури и цели куќи да ми ги препишат само да не пеам повеќе, а тоа никогаш не сакав да го прифатам, бидејќи сакам мојот партнер да е убав и сиромашен, а не богат и да ме уценува, раскажа во емисијата „Гламур“ Лукиќ.
Таа вели и дека кога ги заработила првите пари ја облекла својата мајка, а потоа на нејзиниот татко кој загинал кога имала две години му подигнала споменик дури 30 години подоцна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.