Братушек избрана за премиер Словенија

Словенечкиот парламент со 52 гласа „за“ и „35“ против ја избра новата влада, 11 по ред од осамостојувањето на државата, која ќе ја предводи Аленка Братушек, јави „Delo“.Словенија за прв пат доби жена премиер, а за членови на владата се избрани Роман Јакич (одбрана), Карл Ерјавец (надворешни работи), Грегор Вирант (внатрешни работи), Јербеј Пикало (образование), Томаж Гантар (здравство), Сенко Пличанич (правосудство), Урош Грилц (култура), Игор Махер (инфраструктура и простор), Дејан Жидан ( за население и животна средина), Станко Степишник (економија), Ања Копач Мрак (труд и социјална политика), Тина Комел (дијаспора) и Урош Чувер (финансии).Станува збор за најмлада влада досега во Словенија, чија просечна старост изнесува 45 години.Братушек за нова мандатарка беше именувана на 27 февруари, по што собранието изгласа недоверба на дотогашната малцинска влада предводена од Јанез Јанша.Новата влада е поддржана од четири партии, при што коалиционите партнери како услов за подршка побараа од градоначалникот на Љубљана Зоран Јанкович да го напушти лидерското место во партијата Позитивна Словенија, од чии редови е премиерката Братушек.
МакфаксСловенечкиот парламент со 52 гласа „за“ и „35“ против ја избра новата влада, 11 по ред о

Пронајдете не на следниве мрежи: