четврток, 12 ноември 2026
Најново

Брачни совети кои се основа на здрав партнерски однос

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Како да се извлечете од монотонија во односите и да дојдете до прекрасниот пат на љубовта?
Ако полека и сигурно тапкате во едноличноста на врската, го сакате својот маж, но едноставно не знаете како да се извлечете од неизбежната монотонија и губењето на интимноста – постојат неколку начини со кои повторно можете да ја возобновите Вашата љубов.

Молчењето не е злато
Можеби на моменти имате чувство дека сте си кажале се еден на друг, но тоа сигурно не е така. Можеби сте ги кажале клишезираните фрази кои и се очекуваат од Вас или пак сте разговарале за секојдневните проблеми за кои се разбира не сте ни малку блиску. Честопати поттикнувајте разговори за Вас двајцата, за чувствата (но без срам) и не ги отргнувајте темите каде можете квалитетно да разменувате мислења по различни прашања без разлика дали имате исто или различно мислење.
Компромиси
Ако веќе одредено време се расправате и никако да дојдете до решение кое што ќе Ви одговара на двајцата, време е да воведете компромиси. Па не сте мали деца, разговарајте за тоа колку треба да попуштите за да дојдете до хармонија, договор и задоволство. Со време сигурно ќе дојдете до заклучок дека сте направиле мал компромис, а сте добиле големи задоволства.
Труд
Како што знаете, врската и бракот бараат труд и напор. Само во бајките, романтичните филмови и сапунски серии, сè е совршено, од почеток до крај работите функционираат без многу проблеми. Затоа затворете ја книгата со бајки, погледнете го својот маж и поработете на односот. Во еден момент или Вие или тој сте престанале да се трудите, а потоа и другата страна можеби поради разочарување исто така се откажала.
Лош потег на уште еден лош потег резултира со помалку летаргични и уморни односи. Вложете труд со разговор, мали знаци на внимание и разбирање.

4.Секс
По некое време сексот во врска повеќе не е толку интензивен и интересен, но сепак, треба да се практикува. Чувајте се себе си, негувајте се и поттикнувајте го Вашиот сакан на нови сексуални игри. Тоа повторно ќе Ве зближи на нови нивоа.
5.Напредок
Понекогаш до монотонија и прашањето – “Што јас правам во оваа врска”?, доаѓа затоа што воопшто и не се трудите да се развижите од една иста точка. Личностите, повеќето, имаат чувство на задоволство кога ќе си постават цели до кои доаѓаат, и после тоа си поставуваат нови. Истото е и со врската. Ако ништо не се менува Вие ќе имате чувство дека тоа е нешто лошо. Разговарајте со Вашиот партнер и поставите си некои заеднички цели, од планирање, одмори до купување на нов автомобил или дете. Ќе имате чувство дека сте во подобар пат.