Двајца насилници, кои според пријавителот се браќа, тепале 27-годишен жител на Скопје во комбе на паркинг во Гази Баба, информираат од полицијата.
„На 23.07.2025 во 21:30 часот во СВР Скопје, Б.Т.(27) од Скопје пријавил дека околу 16:30 часот во комбе на паркинг на подрачјето на Гази Баба во Скопје бил физички нападнат од А.Џ. од с.Арачиново и од неговиот брат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.



