Бреговиќ настапи во Истанбул, Ердоган му врачи плакета (ФОТО)

Познатиот музичар Горан Бреговиќ настапи на програмата „Средба на Ромите 2023 – Заедно ја пишуваме историјата на Ромите“ во Истанбул.

На програмата што се одржа во Конгресниот центар Халиќ присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Популарниот Бреговиќ ја изведуваше композицијата „Век на Турција“ од познатиот турски композитор Јуѓел Арзен.

Турскиот претседател Ердоган на крајот на програмата на која присуствуваа голем број граѓани на Турција и фанови на Бреговиќ, му врачи плакета на Бреговиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: