Бред Пит и Анџелина Џоли донесоа одлука која ќе ги воодушеви обожавателите

Бред Пит (54) и Анџелина Џоли (43), две години после поднесување на барањата за развод, донеле заедничка одлука, пренесуваат странските медиуми.
Тие двајца наводно се подготвени да се договорат околу заедничкото старателство над децата, бидејќи, како што наведуваат медиумите, нивните претходни конфликти само им штетат на нивните деца.
Иако Анџелина постојано се обидувала да го оддалечи Бред од децата, односно што помалку време да поминува со нив, изгледа дека работите ќе се променат.

Сепак, договорот за кој сè повеќе се зборува, поранешните сопружници сè уште не го потпишале.
Исто така, освен старателството, сè уште не е познато како Бред и Анџелина ќе го поделат имотот, со оглед на тоа дека не потпишале предбрачен договор.
„Како и да се заврши целава мешаница, никој нема да излезе од неа како победник“, рекол извор за „US Weekly“.
За потсетување Анџелина и Бред се венчаа во август 2014-та година и имаат шест деца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.