Бред Пит повторно станува татко?! Оваа жена ќе му роди дете, а тој не е заинтересиран за брак

Бред Пит наводно сака повторно да стане татко и планира да има деца со својата девојка Инес де Рамон, но бракот не му е приоритет.Холивудскиот актер Бред Пит наводно е подготвен повторно да стане татко, овој пат со својата партнерка Инес де Рамон. Иако нивната врска стана сериозна, бракот не е на неговата листа на приоритети.Според странските медиуми, Пит е целосно посветен на Инес, но не чувствува потреба тоа да го потврди со свадба . Неговиот пријател открил дека актерот „не е традиционален“ и не гледа ништо лошо во тоа да има дете без официјален брак. Тој и Анџелина Џоли ги имаа сите свои деца пред да се венчаат, така што сега не гледа причина да ги прави работите поинаку “, откри извор близок до актерот.Со текот на годините, Пит помина низ бурен развод со Анџелина со која има шест деца, а односот со нив со текот на времето се залади, а некои од неговите ќерки дури решија да го тргнат неговото презиме од своите документи.И покрај тоа, Пит никогаш не зажали што стана татко.– Обожава да биде татко и во неколку наврати кажа дека би сакал деца со Инес – додава инсајдерот, „ Гео њуз “.Иако сега има 60 години, актерот не се смета себеси премногу стар за да биде родител.– Многу негови пријатели стануваат татковци на таа возраст, а некои, како Џорџ Клуни, тоа за прв пат го доживеале дури подоцна во животот. Сите се среќни и исполнети, а тоа му дава дополнителна сигурност дека годините не се пречка – објаснува изворот.Бред и Инес првпат биле поврзани во 2022 година, а сега наводно почнале да живеат заедно. И двајцата веруваат дека родителството ќе се случи кога ќе биде вистинското време.

Пронајдете не на следниве мрежи: