четврток, 12 ноември 2026
Најново

Брза диета со домати: Жените полудеа по неа, килограмите буквално се топат за 6 дена!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

За оние кои не можат долго да држата диета, им препорачуваме брза диета со домати која гарантира успех. Само запомнете дека е доста ригорозна и можете да ја употребувате најмногу шест дена и со внимателна консултација со вашиот лекар

Диетата заснована на домати е многу едноставна – четири оброци дневно, многу вода, дозволено е кафе без шеќер, дозволени се и чаеви без шеќер, леб (30 грама) е дозволен само за појадок. Доматите можете да ги јадете свежи, варени, печени во рерна или на скара.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Еве како треба да ми изгледа.

Прв и четврти ден

Појадок – Салата од домати со 50 грама сирење, маслиново масло и босилек, 2 варени јајца и 30 грама леб.

Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.

Ручек – Тестенини со сос од домати (сосот се подготвува со 400 гр домати или 350 гр конзервирани пасирани домати, зачините се по желба).

Вечера – супа од домати и зеленчук. Додадете магдонос и една лажица павлака.

Втор и петти ден

Појадок – грчка салата и 30 грама леб.

Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.

Ручек – Печени полнети домати со спанаќ и ориз.

Вечера – Подгответе супа од два сечкани главици пржени на маслиново масло, филе од ослич, два големи домати, зачини и една лажица кисела павлака.

Трет и шести ден

Појадок – омлет со домати, 30 грама леб.

Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.

Ручек – Пилешко месо (150 грама) во сос од домати со печурки.