Брижит Бардо хоспитализирана

Француската актерка Брижит Бардо беше хоспитализирана во Тулон и е во болница веќе десет дена, објавија денес француските медиуми.

Француските медиуми објавија во октомври дека Брижит Бардо (91) поминала три недели во приватна болница во Тулон, каде што била оперирана од сериозна болест, објави „Нис Матин“, наведувајќи дека точната природа на болеста не е откриена.

Откако ја напушти болницата во октомври, Брижит Бардо ги критикуваше медиумите на социјалните мрежи кои објавија дека таа починала.

„Не знам кој идиот ја рашири лажната вест за мојата смрт, но знајте дека се чувствувам добро и не планирам да одам“, објави Брижит Бардо во октомври на својот X профил.
The post Брижит Бардо хоспитализирана appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: