Британец е добитник на Евро-џекпот од 115 милиони фунти

Британец на националната лотарија во Велика Британија освои речиси 115 милиони фунти. Извлекувањето на џекпотот од „Евромилиони“ организирано е вчера, првиот ден на 2019 година.
Тоа е четврта по големина освоена сума во историјата на Велика Британија.
Најголемата награда на лотаријата „Евромилиони“ во Велика Британија во 2018 година и трета најголема лото награда на сите времиња е 121 милиони фунти.


Во британската историја најголема награда за лотарија е џекпотот на „Евромилиони“ во износ од 161 милиони фунти освоена е во 2011 година, а во август 2012 година освоени се над 148 милиони фунти.
Евромилиони се игра во девет земја – Велика Британија, Австрија, Белгија, Франција, Ирска, Луксембург, Португалија, Шпанија и Швајцарија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.