Британија оди на избори на 4 јули


Сунак: Британија оди на избори на 4 јули

На денешната вонредна прес-конференција, британскиот премиер кажа дека добил позитивен одговор од кралот Чарлс Трети на барањето за распуштање на парламентот на 30 мај и одржување на изборите на 4 јули

Премиерот на Велика Британија, Риши Сунак, денеска објави дека во земјата ќе се одржат предвремени парламентарни избори на 4 јули годинава. На денешната вонредна прес-конференција, Сунак кажа дека добил позитивен одговор од кралот Чарлс Трети на барањето за распуштање на парламентот на 30 мај.

Риши Сунак, премиер на Велика Британија / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Зборувајќи пред новинарите на Даунинг стрит, Сунак рече дека е горд на резултатите што ги постигнала неговата влада и порача дека има намера да се бори за секој глас.

„Ова е моментот да се одлучи за иднината на Велика Британија. Да одлучите дали сакате да ја изградите иднината што сте ја направиле или ризикувате да се вратите на почетокот“,

рече Сунак на денешната прес-конференција.

Тој ги критикуваше своите политички ривали од Лабуристичката партија дека се подготвуваат да ги зголемат даноците доколку дојдат на власт и дека немаат јасен план за Британија.

Водачот на опозициските лабуристи, Кир Стармер, пак, рече дека изборите се момент што целата земја го чекала.

Пронајдете не на следниве мрежи: