Велика Британија денеска соопшти дека планира да го зајакне своето воено присуство во Северна Европа, вклучително и распоредување на 20.000 војници во регионот следната година, за да помогне во заштитата на критичната инфраструктура поради зголемените стравувања од руска саботажа.

Британскиот премиер Риши Сунак претходно се сретна со официјални претставници и шефови на држави на самитот посветен на соработката во областа на одбраната, што се одржува на островот Готланд во Шведска, пренесува Ројтерс.
Британија ќе испрати 20.000 војници, морнари, маринци и пилоти во регионот на Северна Европа, како и осум бродови на Кралската морнарица и група борбени авиони и воени хеликоптери.
- ЦУК: Три активни пожари на отворено – во општините Пробиштип, Куманово и Петровец
- Хороскопски знаци кои никогаш не откриваат тајни
- Крадци ја опустошија електровлечната подстаница во Драчево, штетата достигнува пет милиони евра
- Мајката на Ејми Вајнхаус 15 години по смртта на нејзината ќерка: Таа беше жртва на сопствениот успех
- Најновата анализа: Европа плаќа најскапи сметки за енергија – каде е Македонија?
Тие ќе учествуваат во вежби заедно со силите на повеќе земји и ќе вршат воздушно извидување.
Група нордиски и балтички држави, како и Холандија и Велика Британија, се состанаа во Шведска на самит посветен на одбранбената соработка, неколку дена откако гасоводот и кабелот за податоци беа оштетени во Финскиот залив.
Финските власти рекоа дека тоа е резултат на „надворешна активност“ што ја поттикна загриженоста во поширокиот нордиски регион.
- Оваа недела видовме уште еднаш дека нашата безбедност не може да се земе здраво за готово. Од клучно значење е да бидеме обединети против оние кои имаат зли намери – рече Сунак, пренесува Танјуг.


