Британците ѝ одобрија на американската армија користење на воени бази за активности околу Ормутскиот теснец

Велика Британија одобри користење на своите бази од страна на САД за извршување напади врз ирански објекти насочени кон Ормутскиот теснец.

Канцеларијата на британскиот премиер претходно им дозволи на американските сили да користат британски бази за операции со цел да се спречи Иран да испали ракети што би ги загрозиле британските интереси или животи. Британскиот премиер претходно изјави дека таквата употреба на бази е од исклучиво одбранбен карактер.

Сепак, министрите се согласија за време на денешниот состанок дека американската употреба на британските бази сега може да се прошири за заштита на бродовите во Ормутскиот теснец.

Велика Британија сè уште нема да биде директно вклучена во нападите, а Даунинг стрит вели дека принципите врз кои британската влада пристапува кон конфликтот остануваат исти.

Портпаролот на Даунинг стрит изјави дека министрите денес се согласиле дека базите сега можат да се користат за одбранбени операции на САД насочени кон капацитетите што се користат за напад на бродови во Ормутскиот теснец.

Тие додаваат дека министрите ја нагласиле потребата од итна деескалација и брзо решавање на војната.

„Министрите потврдија дека принципите зад британскиот пристап кон конфликтот остануваат исти. Велика Британија останува посветена на одбраната на нашиот народ, нашите интереси и нашите сојузници, дејствувајќи во согласност со меѓународното право и не се вклучува во поширок конфликт“, рекоа тие.
The post Британците ѝ одобрија на американската армија користење на воени бази за активности околу Ормутскиот теснец appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: