Брнабиќ: Претседателските избори ќе ги распишеме до 27 ноември

Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна странка (СНС), Ана Брнабиќ, се обрати од зградата на Претседателството на Србија.

– Она на што сме сведоци од изборната ноќ е недозволиво и не смее да продолжи – рече Брнабиќ на почетокот и додаде:

– Ја свикав оваа прес-конференција во својство на вршител на должноста претседател на Република Србија, за уште еднаш, од ова место, да повикам на разум, на мир, на почитување на Уставот и законите на Република Србија, на почитување на институциите на оваа земја кои се граделе со векови, и конечно, да повикам на основна човечка пристојност и почитување на достоинството на секој човек во оваа земја. Она на што сме сведоци во последните неколку дена – поточно, од моментот кога беа објавени резултатите од вонредните парламентарни избори, односно од вечерта на 25 октомври – она што сите можевме да го видиме, она што се случи во оваа земја, е апсолутно неприфатливо и не смее да продолжи – рече таа и продолжи:

– Некои покажаа одговорност во поразот, некои неодговорност во победата, но јас ги повикувам сите на мир – нагласи таа.

Како што рече таа: „Победивте, формирајте власт, не дозволувајте насилници да нè малтретираат“.

– Ова не е владеење на правото, ова е владеење на теророт – рече таа, наведувајќи ги упадите во „Информер ТВ“, „Пинк“.

Одговарајќи на новинарски прашања, Брнабиќ изјави дека, согласно Уставот, претседателските избори ќе бидат распишани најдоцна до 27 ноември.

Пронајдете не на следниве мрежи: