Бројот на работници во индустријата во периодот јануари – декември 2025 година во споредба со периодот јануари – декември 2024 година, е намален за 3,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Во меѓувреме, бројот на вработени во индустријата во декември минатата година, во споредба со декември 2024 година, е намален за 2,8 проценти.
Бројот на работници во секторот Рударство и вадење камен во текот на декември 2025 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6,0 проценти, во секторот Преработувачка индустрија за 2,7 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на вработени во индустријата во текот на декември 2025 година, во споредба со истиот период од претходната година, бележи намалување кај Енергија за 2,5 проценти, Капитални производи за 4,3 проценти, Нетрајни производи за општа потрошувачка за 3,3 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија, за 1,8 проценти, додека зголемување е забележано кај Трајни производи за општа потрошувачка за 4,0 проценти.
The post Бројот на вработени во Македонската индустрија се намалува appeared first on Во Центар.



