Бројот на странски туристи во Македонија се зголеми за 10,3 проценти

Во ноември 2025 година, вкупно 77.570 туристи оствариле 146.605 ноќевања во земјата. Од вкупниот број туристи, 25,7 проценти се домашни, додека 74,3 проценти се странски туристи.

Државниот завод за статистика денес објави дека најмногу странски туристи во ноември имало од Турција, 12.401, потоа од Германија – 11.812, Србија – 3.793, Грција – 3.506…

Бројот на ноќевања во ноември 2025 година достигнува 146.605, од кои 33,9 проценти се од домашни туристи, додека 66,1 процент се од странски туристи.

Во периодот јануари-ноември 2025 година, во споредба со истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 6 проценти, при што кај домашните туристи има намалување од 3,5 проценти, додека кај странските има зголемување од 10,3 проценти.

Во периодот јануари-ноември 2025 година, во споредба со истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевања е зголемен за 0,8 проценти, така што кај домашните туристи има намалување од 4,3 проценти, додека кај странските туристи има зголемување од 6,9 проценти.
The post Бројот на странски туристи во Македонија се зголеми за 10,3 проценти appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: