Брутален судир: Фудбалерите упаднаа во соблекувалната на противникот и претепаа еден играч (видео)

Ужасен инцидент се случил по натпревар од аматерската лига во Северна Ирска, а според снимката, фудбалер бил повеќе пати удрен во главата пред соблекувалната.

Тепачката избувна во саботата по натпреварот помеѓу екипите на Келвин Олд Бојс до 21 година и ФК Вестленд Јанг Мен, одигран во рамките на БДФЛ Купот.

Имено, на видеото кое е објавено, се гледаат неколку фудбалери од еден тим како шутираат друг противнички играч.

Kevin old boys vs westland young men (belfast) pic.twitter.com/r8bvag6tfF— aney stokes (@VideosIrish) November 29, 2025

Еден од напаѓачите го удира неколку пати во главата, додека друг конфликт може да се види во позадина на влезот во зградата.

Треба да се додаде дека целиот случај го истражува и полицијата.
The post Брутален судир: Фудбалерите упаднаа во соблекувалната на противникот и претепаа еден играч (видео) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: