среда, 11 ноември 2026
Најново

Бугарските медиуми објавија снимка од палењето кола пред бугарската амбасада во Скопјe

Бугарскиот портал „Бгнес“ попладнево објави видео од запалени возила паркирани пред бугарската амбасада во Скопјe.

На видеото се гледа маж како држи пластична кеса, вади пластично шише, истура течност врз автомобилите, по што се гледаат големи пламени јазици и тој си оди. Видеото замрзнува неколку пати токму кога наводниот напаѓач ја запалува течноста, а тие моменти не се снимени.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„БГНЕС“ пишува и дека во тој момент „полицијата не направила ништо“, осврнувајќи се на службеното обезбедување пред Амбасадата и стражарската станица каде што се на должност полицајци.

Понатаму, порталот забележува дека спроти бугарската амбасада се наоѓа „една од регионалните противпожарни служби“, а текстот ги обвинува пожарникарите дека не стигнале брзо на местото на настанот.

„Противпожарна екипа пристигна на местото на настанот дури откако нашите дипломати лично ги изгаснаа пламените јазици на запалените автомобили“, пишува „БГНЕС“.

Поврзани вести