Бунтур отиде единствена жртва, ај пипнете ја Рангелова ако смеете!

Како што можеше да се насети сиротиот Пеце остана единствена жртва на потреба на „фекалиите“ „лидериштето“ да им принесе крв. Иако за Бунтур сме пишувале во повеќе наврати дека е негативен биланс во борбата за стабилизација на партијата, овој пат сметаме дека принципиелно треба да се истакнат некои работи. 
Прво, човекот си се залагаше за излегување на референдум. Иако тоа беше став спротивен на мнозинството партиски членови, не беше во спротивност и со ставовите на Мицковски. Оти тој самиот прво со месеци тактизираше, па потоа повика како сака секој така да прави. Па, така направи Бунтур, така направи Тодоров, така направи и Рангелова. Еден куп пратеници. И многумина други. Требаше да бидат понтонски мост ако успее референдумот. За да го извлечат Мицко како во филмот „Неретва“ кога ранетите ги враќаат по срушен мост.
Е кога во недела во 11 сатот видоа дека ќе пропадне референдумот побрзаа да се придружат на „фекалиите“. И од тогаш за жал Бунтур стана непотребен и добар за жртва. Да беше Пеце сменет пред 4 месеци членството ќе сметаше дека е искрен потег, оти овој со сила ги нервираше и провоцираше постојано…

Но, ова е лицемерие. Ако се исклучува некој што имал став за гласање на референдумот, тогаш треба и пратениците што гласаа да се исклучат, односно да се симнат од партиските функции. Ако пак е санкциониран затоа што е пронато или проеу, тогаш Мицковски е навистина во сериозен кал. И обидувајќи се да се додвори на „фекалиите“ им сврте грб на спонзорите кои што замижаа при местењето на конгресот во Валандово, под услов да ја исполнува агендата. Сега ги нема ни спонзирите, ниту „фекалиите“. Силно се лаже ако смета дека некој од оние што цела година киснеа по улиците не го прочитал неделното лицемерие. Има господа од палатата сведоштва, видеа, изјави, на „фекалиите“ и ваши. Спротивни изјави. Еден тон. Џабе се перете со принесување на жртви и со лош пиар.

Како фекалиите станаа вкусни!

Како фекалиите станаа вкусни!

Posted by Александар Македонски on Friday, October 5, 2018

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.