Бурни реакции на одлуката на Африканската конфедерација: „Ова е најголемиот скандал во историјата на фудбалот“

Египетската легенда Мидо бурно реагираше на одлуката на Африканската фудбалска конфедерација (CAF) да му ја одземе титулата на Сенегал во Африканскиот куп на нации (AFCON) и да му ја додели на Мароко, нарекувајќи го овој потег најголемиот скандал во историјата на фудбалот.

„КАФ е шега! Го кажувам ова со години. Дури и реков дека повеќето африкански легенди кои учествуваат на настани и состаноци на КАФ се обични кловнови. Одлуката да му се одземе титулата на Сенегал и да му се даде на Мароко е најголемиот скандал во историјата на фудбалот, одлука што едноставно ќе ја подели Африка“, напиша Мидо, кој одигра 51 натпревар за Египет и го освои Африканскиот куп на нации во 2006 година.

Мидо конкретно го нападна претседателот на CAF, Патрис Мотсепе.

#CAF is a real joke!!I have been saying this for years I Have been even saying that most of the African legends who are involved/attending all the CAF Events/Meetings are CLOWNS the decision to take away the Cup from #Senegal and hand it to #Morocco is the biggest scandal in…— Mido (@midoahm) March 18, 2026

„Честитки, Мотсепе. Поради тебе, сите изгледаме онака како што некои на Запад сакаат да изгледаме! Сега изгледаме како идиоти, заостанат и корумпиран континент! Африка заслужува подобро! Мора да има револуција во африканскиот фудбал. Сите овие луѓе мора да си одат, и денес, а не утре“, рече 42-годишникот и додаде:

„Не сум тука против Мароко. Го сакам Мароко и Мароканците, имам многу пријатели таму кои навистина ги сакам и почитувам. Сепак, луѓе мои, ова отиде предалеку! Изгубивте на теренот. Сенегал беше подобар тим во финалето. Заслужија да бидат африкански шампиони. Тоа е јасно како ден и сите го знаете тоа! Навистина сакав да им честитам на моите марокански пријатели, но не можам да ви честитам за нешто што го освоивте зад зелената маса, а не на теренот.“

Да ве потсетиме, Сенегал го победи Мароко во финалето во јануари, но два месеци подоцна, ја загуби титулата поради контроверзни настани за време на натпреварот. Сенегал победи со 1:0 во финалето, но CAF ги казни драстично бидејќи тимот го напушти теренот речиси 20 минути во знак на протест откако на Мароко му беше досуден контроверзен пенал. Сенегалската фудбалска асоцијација најави жалба на одлуката.
The post Бурни реакции на одлуката на Африканската конфедерација: „Ова е најголемиот скандал во историјата на фудбалот“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: