Студентите кои го блокираа Филозофскиот факултет во Нови Сад ги повикаа граѓаните вечерва повторно да се соберат пред зградата на високообразовната институција. Како што е наведено во поканата, собирот под слоганот „Бучавата продолжува“ е закажан за 19 часот., јавуваат од Н1.
„Донесете свирчиња, вувузели, наполнети звучници, што и да користите за да направите бучава“, рекоа студентите.
Студенти, професори и граѓани се собираат пред зградата на Филозофскиот факултет од вторникот, кога деканот Миливоје Алановиќ упадна во зградата со неколку вработени и ги избрка студентите кои го блокираа тој факултет.
Алановиќ ја повика и полицијата во зградата, а оттогаш повеќе од десетина полицајци се постојано во зградата, како и надвор, спречувајќи ги вработените и студентите да влезат во зградата.



