четврток, 12 ноември 2026
Најново

Бучковски за војната во 2001: Имаше тенденција да се освои територија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во 2001-та година имаше план за поделба на Македонија кој бил спречен благодарение на меѓународната заедница, рече поранешниот премиер Владо Бучковски, на панел-дискусијата што вчера ја организираше ДУИ по повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој всушност се стави крај на воениот конфликт.

–Вклучувањето на меѓународната заедница, срамежливо покажувањето на првиот предлог на Фровик дека ќе дојде до разоружување, дека потоа треба да има еден сериозен политички процес, беше воден од меѓународната заедница на начин кој го приближуваше и Ахмети од терорист, екстремист, водач на паравоената ОНА, да се трансформира во лидер на политичка партија, ценејќи го расположението на албанскиот етникум во тој момент.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Не беше на почетокот отворен воениот конфликт само за правата на Албанците. Тлееше веројатно, затоа сме разговарале и со г-динот Ахмети, тенденцијата беше дека треба да се освои територија и да се направи обид да се подели Македонија… – рече, меѓу другото, Бучковски.

Поврзани вести