Вака Емина Јаховиќ се присетува на својот покоен татко: Починал кога имала само 11 години и од тогаш ова таа го чува за своите синови

Познатата пејачка Емина Јаховиќ ги воодушеви своите следбеници откако сподели видео на кое се гледа како таа чита книга заедно со својот син Јавуз.
Таа книга пејачката откри дека е од големо значење за неа бидејќи и е подарена од нејзиниот татко.
Под видеото таа напиша и порака со посвета за книгата:


-Ова е книгата која ми ја купи татко ми кога имав 10 години, а само година дена подоцна тој не напушти засекогаш. Од тогаш ја чувам и ја носам со себе каде и да се отселам. Денеска мојот помлад син Јавуз ја чита и навистина му се допадна. Иако никогаш не го запознал својот дедо, тој на овој начин дели нешто со него. Оваа малечка книга денеска не усреќи премногу, благодарам тато, знам дека си со нас засекогаш, напиша пејачката.
За потсетување таткото на Емина кој бил хирург починал кога таа имала само 11 години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.